Во Делчево седум нови случаи на Ковид-19, најмногу во источниот дел

Делчево/ Фото: МИА

Со седум нови случаи, Делчево е лидер по бројот на новозаболени од Ковид-19 во источниот дел на земјата. Случаите како што информираат надлежните од делчевскиот здравствен дом се резултат на зголемениот број тестирања, меѓу кои има и пациенти со негативни резултати.

– Се поголемиот број на случаи на новозаболени резултираше со тестирања на оние кои имале контакти со веќе заразените, од кои денес имаме нови 7 позитивни. Радува тоа што имаме и четири оздравени пациенти. И во двата случаи станува збор за заедничка бројка кои ја сочинуваат заболени граѓани од општините Делчево и Македонска Каменица, информираа надлежните.

Во општините од опкружувањето, денеска е регистиран мал пораст на бројот на новозаболени и во Малешевијата.

– Имаме три новозаболени во Берово и два случаи во Пехчево. Повеќето од случаите се асимптоматски. Засега ситуацијата е под контрола и не се очекува зголемување на бројот на заболени, истакнаа од здравствените установи од двете општини.

Во Малешевијата денеска има и петмина оздравени, од кои тројца во Берово и двајца во Пехчево.

Вкупниот број на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион изнесува 136 лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот