Во дел од Италија протести поради анти-ковид мерките на Владата 

Фото: Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Во Фиренца, протестот против новите ограничувања на владата за спречување на ширење на Ковид-19 прерасна во судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Според весникот „Република”, неколку стотици демонстранти фрлале кон полицијата со шишиња и камења, се превртувале контејнери, фрлале запаливи средства, а на крајот полицијата употреби солзавец за да ги растера учесниците во демонстрациите кои не беа одобрени од полицијата.

„Никогаш не сум го видел мојот град во таква состојба, улици покриени со стакло, скршени излози. Проблемот е што меѓу мирните демонстранти, кои имаат причина да протестираат, се вклучени мали групи за да предизвикаат конфликт и немири”, изјави градоначалникот на Фиренца Дарио Нардела, кој е на таа позиција втор мандат.

И во Болоња, група од 300 до 500 граѓани демонстрираа против новите владини мерки.

На почетокот на протестот, организаторот рече дека „сакаат мирни протести”, но подоцна почнаа да извикуваат против владата.

Весникот „Република” пишува дека екстремно десничарските и неофашистичките групи се обидуваат да го искористат незадоволството на граѓаните за своите цели.

Во ист тон има напис во весникот „Либеро”, во кој се тврди дека меѓу демонстрантите кои сакаат мирно да протестираат, се членови на ксенофобични групи, разни теоретичари на заговор, мешавина од паракриминални групи и луѓе кои поттикнуваат социјален гнев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот