Во дел од битолските училишта ќе се изведува настава со физичко присуство

Дезинфекција на образовните објекти / Септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во дел од основните и средни училишта, чиј основач е Советот на Општина Битола.

Со согланост на Владата, настава со физичко присуство на учениците и наставниците ќе биде организираназа учениците од петто одделение во подрачните училишта во селата Братиндол и Брусник, а за училиштето во селото Дихово има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во подрачното училиште во потпелисерското село Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение, односно комбинирана паралелка од прво до петто одделение.

ООУ „Ѓорѓи Сугарев”-Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение, потоа во ПУ во населеното место Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ село Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто одделение.

На барање на Советот на Општина Битола, настава со физичко присуство од 1. Октомври ќе се организира и во подрачните училишта во селата Црнобуки и Лисолај во општина за учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ Драгожани за четврто одделение.

Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков” кое се наоѓа во село Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во подрачните училишта на тоа училиште кои настава изведуваат во селата Барешани, Велушина, Егри, Доленци, Граешница, Меџитлија, Кременица, Лажец, Кравари, Канино, Оптичари и Породин, додека во подрачните училишта во селата Кишава, Острец и Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

Новата учебна година со физичко присуство ќе почне и за учениците од четврто до деветт одделение во потпелистерското село Цапари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот