Во Дебар запленети 20 кг. марихуана

Напуштениот објект каде што била скриена дрогата се наоѓа на регионалниот патен правец Дебар – Струга.

Припадници на Одделението за внатрешни работи од Дебар вчера во напуштен објект откриле и заплениле четири вреќи со марихуана.

– Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми – изјави денеска Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Тој додава дека по насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Напуштениот објект каде што била скриена дрогата се наоѓа на регионалниот патен правец Дебар – Струга.

Неофицијално се дознава дека дрогата била прошверцувана од соседна Албанија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот