Во Дебар тројца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 38 лица

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

По тридневно затишје, во последното деноноќие во Дебар регистрани се три нови случаи со Ковид-19, што е 21 случај овој месец.

-Од почетокот на панедемијата, со последно потврдените случаи, во општините Дебар и Центар Жупа, вкупниот број на заразени изнесува 271 лице. Повеќето од нив или 220 се во втората фаза од болеста, која во ова подрачје се врати на петти јуни, кога беше дијагностицирана кај жена од село Долно Косоврасти, потврдуваат од дебарската работна единица за јавно здравје, која со својата активност ги покрива двете општини.

Додаваат дека за разлика од првата фаза кога од вкупно 51 заразен само двајца беа од општина Центар Жупа, додека сите други од градот Дебар, во втората фаза, посебно во овој и месец август вирусот го има во речиси сите селски населби.

Од вкупната бројка битката со опасниот вирус ја добија 219, додека за жал ја загубија 14 лица, од нив повеќето од општина Центар Жупа.

Активни на болеста се 38 лица, поголемиот број со полесна форма и се лекуваат во домашни услови, како и амбулантски во Општата болница во Дебар, а само неколку лица се хопситализирано во здравствени установи во Скопје.

Апелот до сите граѓани и правни субјекти, посочуваат од работната единица, останува и понатаму да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Имено, полициската статитстика потврдува дека во последното деноноќие на ова подрачје издадени се четири прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот