Во Дебар не отпочна најавената вакцинација поради проблеми во системот

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Најавената вакцинација на лицата на над 77-годишна возраст денеска не отпочна во Дебар, поради проблемот кој настанал во системот за упатување и пријавување.

Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, каде во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари и пријавувањето, што го потврдуваат и самите матични лекари.

– Проблемот се појави со затајувањето на системот за начинот на пријавување и упатување на лицата кои беа пријавени преку електронски пат или нивните матични лекари а се постари од 77 години. Овој проблем е веќе надминат и сега ги подготвуваме соодветните пријави за тоа, вели Африм Маќелара, матичен лекар.

Во Дебар на 30 март пристигна 88 дози од вакцината „Астра Зенека” против Ковид-19, со која ќе бидат опфатени лца од општините Дебар и Центар Жупа.

Директорот Алили, додава дека вакцините се чуваат во соодветни фрижидери кои ја одржуваат препорачаната температура а имунизацијата ќе ја спроведува службата за вакцинација при нашата болница.

Посочува дека болницата располага со соодветно обучен тим, кој веќе ги има примено двете дози од вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот