Во Дебар и Центар Жупа гласаа 37 болни и изнемоштени лица

Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска го остварија 37 болни и изнемоштени лица, речиси идентична бројка како и на последните избори во 2019 година.

Беа пријавени 39, но по разгледувањето на документацијата две од барањата беа одбиени. Во двете општини не беше пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или лице во изолација.

-Во општина Дебар од доставените 21 барање, правото да гласаат денеска им се овозможи на 20 болни и изнемоштени лица, колку што и го остварија. Денеска и изборниот материјал е распределен без проблеми, а очекуваме утре се да мине во најдобар ред, изјави за МИА, Маџиде Атипи, претседателка на Општинската изборна комисија.

Утре во оваа општина изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 19.211 лица со право на глас.

Во општина Центар Жупа, за гласање во својот дом беа пријавени 18 лица, одбиено беше едно барање па денес гласале 17 лица.

Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, и во оваа општина изборниот материјал е распределен на избирачките одбори. Утре ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.317 лица

Извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот