Во Дебар и Центар Жупа до 17 часот послаба излезност во споредба со претходните избори

гласање дебар
Фото: МИА

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 6.761 или 35,2 отсто од вкупниот број запишани граѓани во единствениот избирачки список, потврдија од Општинската изборна комисија.

Споредено со минатите избори во 2017 година, процентот на илезност е помал. Тогаш правото на глас до 17 часот го искористија 7.342 или 581 граѓанин повеќе споредено со денеска. На претходните локалните избори, пак, излезноста до 17 часот беше 45,6 отсто.

„Во Општина Центар Жупа до 17 часот на гласање излегоа 1.691 гласачи или 23,11 отсто од вкупно запишаните 7.317 лица со право на глас, што е за десеттина проценти помалку споредено со минатите локални избори. Изборниот процес тече без проблеми, се надеваме дека така ќе биде до крајот“, рече Неџип Илјаз, претседател на ОИК во Центар Жупа.

Во оваа општина на минатите избори до 17 часот правото на глас го искористија 2.152 гласачи или 32 отсто од вкупно запишаните 6.810 граѓани со право на глас. На претходните локални избори, пак, излезноста беше 56 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот