Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, 39 активни случаи

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје речиси еден месец нема нов случај на заразен со Ковид-19/ Фото: МИА

Главна причина за повторното враќање на опасниот вирус во Дебар е токму непочитувањето на препораките на надлежните.

Продолжува да се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19 во Дебар.

По петочните шест потврдени случаи, денеска регистрирано е уште едно заболено лице, со што вкупната бројка, според Министертвото за здравство се зголеми на 91 и тоа 51 во првата фаза од пандемијата додека останатите од повторната појава што се случи после 50 дена.

Од вкупниот број 48 се оздравени, четворица починаа додека активни на болеста се 39 лица,од нив седум се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септември” во Скопје.

– Повеќето од новозаразените во оваа втора фаза припаѓаат на младата популација, ученици и студенти, кои манифестираат симптоми на патологија со Ковид-19, како што е висока телесна температура, грозница, болки во мускулите а има и со тешко кашлање и тешко дишење, изјави градоначалникот Хекуран Дука.

Тој го повторува апелот до граѓаните и деловните субјекти да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, бидејќи, како што нагласува, главната причина за повторното враќање на опасниот вирус во Дебар е токму непочитувањето на препораките на надлежните.

Според полициската статистика во изминатите два дена заштитни маски не носеле шестмина дебрани. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на Ковид- 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот