Во Дебар до 11 часот излезноста на изборите осум отсто

Во општините Дебар и Центар Жупа, се зголемува процентот на излезност на денешните вонредни парламентарни избори.

Според претседателката на ОИК Дебар, Елмира Бакали до 11 часот правото на глас го оствариле 1.505 лица или осум отсто од вкупно запишаните 18.764 во единствениот избирачки список.

Во општина Центар Жупа од вкупно 7.071 лице со право на глас, гласале 401 лица или 6,69 отсто.

Изборниот тек и во двете општини минува непречено без проблеми, со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

-Се е во најдобар ред. Има средство за дезинфекција, се почитува физичката дистанца.Тивко е, мирно, достоинствено се остварува граѓанското право, ни рекоа граѓаните кои ги затекнавме на гласачко место во деветолетката „Пенестија”.

Изборите ги следат и набљудувачи на граѓанската организација МОСТ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот