Во Дебар деветта жртва од коронавирус

Profimedia
Фото: Профимедиа

Станува збор за 63-годишен пацинет кој болнички се лекувал, со што вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на девет лица, четворица во првата и петтмина во втората фаза од болеста.

Битката со опасниот коронавирус во последното деноноќие ја загуби уште едно лице од Дебар. Станува збор за 63-годишен пацинет кој болнички се лекувал, со што вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на девет лица, четворица во првата и петтмина во втората фаза од болеста.

-Во последните 24 часа не се регистрирани новозаразени, а ниту оздравени лица. Активни на болеста се 73 лица, поголемиот процент се со полесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, дел се лекуваат амбулански во Општата болница во Дебар, а само неколку во здравствени установи во Скопје, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Од почетокот на пандемијата до сега вкупната бројка на заразени изнесува 237, од нив 186 во втората фаза. Од нив во списокот на оздравени се внесени 155 лица.

-Упатувам силен апел до сите строго да ги почитуваат препораките за заштита, зашто повеќе од јасно е дека невидливиот непријател уште е меѓу нас. Посакувам сите да бидеме внимателни и одговорни како што тоа бевме во првата фаза,за да се заштитиме себе си, нашите роднини, пријатели, соседи, апелира градоначалникот Дука.

Од друга страна, бројот на оние кои не ги почитуваат препораките и понатаму е голем.

Според полициската статистика, во последното деноноќие издадени се осум прекршочни платни налози за ненонесење заштита маска, или околу 140 во овој месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот