Во Данска два случаја на згрутчување на крвта кај пациенти кои примиле вакцина на АстраЗенека

Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Данските здравствени власти денеска пријави појава на згрутчување на крвта и церебрална хеморагија кај двајца членови на медицински персонал откако беа вакцинирани со АстраЗенека.

Данскиот регион Хоевстаден, што управува со јавни болници во Копенхаген, соопшти дека починал еден од двајца членови на медицински персонал што ја примиле вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека. Тие се разболеле помалку од 14 дена откако ја примиле вакцината.

Данската медицинска агенција потврди дека добила два „сериозни извештаи” без да даде повеќе детали.

Некои земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, ја поништија одлуката оваа недела да ја суспендираат вакцината АстраЗенека по извештаите за ретки тромби во мозокот.

Данска ја прекина употребата на таа вакцина на 11 март и се уште не ја смени својата одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот