Во Црна Гора 184 лица под надзор поради актуелниот коронавирус

Во Црна Гора во моментов 184 лица се под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус, изјави денеска епидемиологот Божидарка Ракочевиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје.

Во Црна Гора во моментов 184 лица се под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус, изјави денеска епидемиологот Божидарка Ракочевиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје.

Таа истакна дека Црна Гора располага со тестови за лабораториска дијагностика на Ковид-19.

– Системот се покажа чувствителен, па во еден месец имавме неколку сомнителни случаи на коронавирус во Црна Гора, и континуирано се трудиме системот да го унапредиме – истакна Ракочевиќ.

Додава дека за случај на масовно доаѓање на луѓе со симптоми на вирусот, се разгледува можноста за сместување во карантински објекти. Надзор се врши од самиот влез во земјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот