Во центарот на Амстердам повторно дозволено изнајмување преку Ер-би-ен-би

epa08988964 A photo illustration shows the app icon of US online rental vacation company Airbnb (C) displayed on a mobile phone in Oestrich-Winkel, Germany, 04 February 2021 (issued 05 February 2021). EPA-EFE/MATTIA SEDDA

Откако холандски суд донесе одлука за укинување на забраната за изнајмување преку онлајн услуги како што е Ер-Би-Ен-Би (Airbnb), жителите на центарот на Амстердам повторно ќе можат да ги нудат своите домови на туристите.

Левичарските партии во Градскиот совет на Амстердам минатата година протуркаа забрана за изнајмување преку платформи како Airbnb во трите области што го сочинуваат централниот каналски прстен во Амстердам, со цел сузбивање на она што беше опишано како „непријатност предизвикана од туристи во старото градско јадро”.

Во случајот инициран од здружението на сопственици на имот, локалниот суд минатиот петок нареди укинување на забраната, заклучувајќи дека одлуката не е правно основана.

Како одговор, градот соопшти дека од денеска жителите на овие области можат да аплицираат за истата дозвола што им е достапна на сопствениците на домови лоцирани на друго место во градот, давајќи им право да ги изнајмат своите куќи и станови до 30 ноќи годишно за најмногу четири луѓе во исто време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот