Во Црна Гора ограничени цени на 25 производи во 6 трговски синџири

Пазарење во маркет
Пазарење во маркет/ Фото Архива на Слободен печат

Во Црна Гора денеска започна кампањата „Стоп за инфлацијата“, која вклучува ограничување на цените за вкупно 25 производи со цел да се потисне галопирачката инфлација, која може да се купи во шест големи трговски синџири.

Овие цени ќе важат до крајот на април, додека во мај ќе има нова листа на производи со попуст. Меѓу производите се јајца, пилешко месо, сирење, млеко, јогурт, компири, сушени месни производи, чоколадо, кафе, како и средства за хигиена.

Изборот на конкретната ставка од дефинираниот вид производ го врши самиот трговец и ја формира цената согласно претходно постигнатиот договор со Министерството. Трговската маржа во малопродажбата не треба да надминува пет проценти, бидејќи е ограничена и во големопродажбата, пишува Каматица. Министерот за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ најави дека на акцијата реагирале сите трговски ланци.

„Го дефиниравме списокот на производи за да опфатиме се. Сите трговски синџири обезбедија список кој беше уште поголем отколку што баравме. Мислам дека ова е добар потег за почеток. Ќе следиме како се одвива акцијата во наредниот период“, рече Ѓуровиќ. На прашањето зошто нема масло и брашно во корпата, Ѓуровиќ вели дека причината е што претходно биле ограничени маржите на масло, брашно, шеќер и сол. „Тоа е законски ограничено. Ова сега е на доброволна основа и по договор“, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот