Во Црна Гора од петок нови мерки против ковид-19, се воведува и дигитална ковид-потврда

Свети Стефан Црна Гора
Свети Стефан, Црна Гора / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален ковид што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.

Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и внатрешност на угостителските објекти.

Националната дигитална ковид-потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.

Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во печатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон. Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот