Во Црна Гора од ковид-19 починаа две лица иако биле вакцинирани

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Две лица кои беа целосно вакцинирани починаа во Црна Гора како резултат на коронавирусот, изјави вчера епидемиологот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Милена Поповиќ Самарџиќ.

Таа пред Комитетот за здравство, труд и социјална заштита истакна дека не испратиле лажни пораки дека вакцинацијата обезбедува стопроцентна заштита.

– Во некои групи, како што се постари лица со послаб имунитет, можеме да очекуваме недостаток на имунолошки одговор како во овие два случаи, посочи Поповиќ Самарџиќ.

Сепак, како што додаде таа, вакцинацијата обезбедува висок степен на заштита, над 90 проценти од потешка форма на болеста и фатален исход.

Таа наведе дека ИЈЗ верува дека делта сојот е веќе присутен во Црна Гора, кој покажува малку поголема отпорност на вакцините во споредба со другите соеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот