Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри

Дупка во Чиле
Фото: МИА

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата.

Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан.

Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот