Во четврток на дневен ред одземањето на мандатот на Груевски

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Почетокот на постапката за одземање на пратеничкиот мандат на понаранешниот премиер Никола Груевски ќе почне утре или најдоцна задутре, брифираат извори од Собранието. Неофицијално претседателот Павле Боговски и понатаму е на ставот тој да ја води комисијата, а не неговата заменичка како што побара ВМРО-ДПМНЕ. Утре на дневен ред на пленарна седница ќе биде предлог-законот за Агенција за национална безбедност кој се гласа со двотретинско мнозинство, поради што пратениците ќе треба да бидат присутни таму, поради што поверојатно е дека Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе се одржи во четврток.

Груевски минатата недела го исполни условот од шест месеци неоправдано отсуство од работата, што го предвидува Деловникот за одземање на мандатот. Одржувањето на седница на Комисијата која треба да констатира дека тој е неоправдано отсутен во пропишаниот рок и да испрати предлог до пратеници да му се одземе мандатот беше одожена, поради тоа што за Богоевски беше објавен сминка од телефонски разговор во кој тој договара набавка на забранета супстанца.

За Груевски кој е во азил во Будимпешта да опстане без пратенички мандат треба „за“ да гласаат 80 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот