9 C
Скопје

Во четврток ќе се знае кога ќе стартува кошаркарската прва лига

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) в четврток ќе соопшти кога ќе започне новата сезона во првата лига, чиј старт досега два пати е одложен.

Сезоната во два наврати беше одложена поради позитивни случаи на коронавирус, по што и здружението на прволигашите, како и Асоцијацијата на професионални кошаркари побараа веднаш да се најде решение и конечно да започне новата сезона.

Прволигашките клубови до Антиќ: Решете го проблемот до среда или одете си!

Првичниот термин за стартот на сезоната беше 3. октомври кој беше пролонгиран за 10. октомври но поради случаите на коронавирусот во поголем дел од екипите, КФСМ повторно го одложи почетокот на новата сезона, но не го одреди терминот.

Денеска дојде одговороот од КФСМ, односно од претседателот Перо Антиќ:

„Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22 октомври 2020 година“.

Асоцијацијата на кошаркари бара да започне првенството

Асоцијацијата на кошаркари: Сакате да се вратиме на терен за 25% плата?

 

Прочитајте и...  ФОТО: Што се случува со „црвените“, голманот Дмитровиќ има повеќе голови од Ливерпул!

Поврзани вести

Енис Барди на терените во „Ла Лига“ после скоро три месеци!

Слободен печат

СП: Ремизираа Шведска и Словенија, пеколна борба за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Слободен печат

Љафтов: Со успехот ќе придонесеме за афирмирање на одбојката, но и целокупно на спортот во Македонија!

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

Слободен печат

Остави Коментар