Во четиринаесет сообраќајки повредени пет лица

Фото: МИА

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет од нив е причинета материјална штета.

Како што информира СВР Скопје во денешниот билтен санкционирани се седум возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 11 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила.

Сакнционирани се и 29 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 17 возачи за неносење на сигурносен појас.

Сообраќајната полиција издала 93 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 66 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот