Во чест на Тоше: Во Загреб ќе се одржи миса во пресрет на неговиот 40-ти роденден

Instagram

Сеќавањето на човекот, кој со своите дела, како човечки, така и музички, остави неизбришлива трага меѓу фановите и пријателите во регионот, но и пошироко, ни денес не бледнее. Никогаш прежалениот Тоше Проески на 25 јануари ќе го славеше својот 40. роденден. Прерано нѐ напушти на само 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога и денес ќе погледнеме, сфаќаме колку бил талентиран. Голем човек и хуманист, е само мал дел од сето она што беше Тоше, а нема човек во регионот кој за него немаше зборови за пофалба. Освојуваше со прекрасната насмевка и со гласот, но пред сѐ го красеше скромност. Како најважно секогаш нагласуваше дека љубовта е таа која треба да ги поттикнува луѓето. Неговите зборови: Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене, и денес живеат кај сите што го познаваа, но и кај оние кои ја немаа таа можност. Иако за неговите обожаватели времето застана во 2007 година, Тоше Проески и понатаму живее во срцата на сите нас“, пишува во објавата на дискографската куќа „Хит рекордс“ од Хрватска, по повод 40-роденден на нашиот Тоше.

Утре (недела) со почеток од 10 часот, ден пред неговиот роденден, со молитва ќе се сетат на единствениот и непрежален Тоше Проески. Настанот ќе се случи во капелата „Роков перивој“ во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот