Во чест на медицинските работници МНТ ќе одигра претстава

Македонскиот народен театар (МНТ) ќе ја одигра претставата „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова во чест на белите мантили- медицинските работници. Изведбата е закажана за 14 октомври со почеток во 20 часот.

Ова е првата претстава што ќе се одигра во МНТ по паузата од пандемијата предизвикана од ковид-19.

-Ги покануваме хероите на ова време, лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница – Козле, епидемиолозите и матичните лекари“, велат од МНТ.

МНТ ВО ЧЕСТ НА БЕЛИТЕ МАНТИЛИ Македонскиот народен театар на првата претстава, по паузата поради пандемијата, ги…

Publiée par Македонски народен театар sur Mardi 6 octobre 2020

Претставата „Говорна мана“ по текст на Горан Марковиќ премиерно беше изведена во март во 2017 година.

Според протоколот за работа на МНТ, претставите ќе се одржуваат исклучиво на големата сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот