Во чест на Адеми: Динамо привремено го повлече дресот со број пет

Дресот со број „5“ со кој настапуваше Аријан Адеми во Динамо Загреб ќе биде повлечен, објаи вечерва хрватскиот гигант.
Од Динамо потврдија дека Адеми е првиот играч во историјата на клубот за кого се повлекува еден број од употреба, но сепак бројот ќе биде повлечен само додека Адеми професионално игра фудбал.
„Свесни сме дека во фудбалот е неблагодарно да се повлече еден број. Гледајќи ја историјата на Динамо и легендите кои настапуваа за нашиот клуб и оставиле голема трага, бевме одлучни да не се повлекува ниту еден број. Сепак, клубот донесе одлука дресот со број „пет“ да биде повлечен се додека Адеми не престане активно да игра фудбал, односно додека не ја заврши кариерата. До тој момент дресот со број „пет“ ќе биде резервиран само за него“
„Ова е мал знак на благодарност кој можеме да го искажеме кон Аријан за се што направи во изминатите 13 години. Динамо на овој начин уште еднаш го истакнува значењето кое го имаше нашиот капитен во клубот“, стои во сопштението на клубот.
Адеми ќе потсетиме, кариерата ја продолжува во Кина во тимот на Пекинг Гуан со кој потпиша договор на три години за плата од околу 1.5 милион евра по сезона.