Во Чешка откриена нова мутација на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон” во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на коронавирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери.

– Тоа е мутација на … карактеристичен протеин што се појавува на површината на вирусот САРС-КоВ-2. За него се насочени вакцините кои се користат денес, изјави Шери.

Според експертот, новата мутација на коронавирусот не е поопасна од британската варијанта која се шири во земјата.

Моментно во Чешка со население од 10 милиони жители, 173.500 луѓе се заразени со коронавирусот, од кои 7.300 се хоспитализирани. Од почетокот на епидемијата, околу 1.515.000 луѓе се разболеле во земјата, 1.315.000 се излекувале и 25.800 пациенти починале. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот