Во Челси секој кикс скапо се плаќа, познат ценовникот за казни – Слободен печат
СпортФудбал

Во Челси секој кикс скапо се плаќа, познат ценовникот за казни

Менаџерот Френк Лампард одлучи со високи казни да воведе ред во соблекувалната.

Екипата на Челси сезонава игра фантастично и се наоѓа на делба на второто место во Премиер лигата, иако експертите не предвидуваа толку висок пласман. Сепак, „сините“ предводени од Френк Лампард на клупата, врзаа шест победи во серија, а добро им оди и во Лигата на шампионите каде се пред пласман во осминафиналето.

Како една од причините за добрите резултати е дисциплината која владее во соблекувалната, а на социјалните мрежи се појави и списокот за одредени казн.
Така, фудбалерите кои ќе задоцнат на тренинг ќе мора да платат дури 20.000 фунти, а со 2.500 фунти се казнуваат фудбалерите кои ќе задоцнат на собирот за тренинг, натпревар или за лекарски третман.

Доколку мобилниот зазвони на тимските состаноци, играчот ќе биде олеснет со 1.000 фунти, а доколку не се вратат со клупскиот автобус по натпреварите, ќе бидат казнети со 5.000 фунти.

Болест или евентуална повреда мора да се пријават кај Лампард или лекарскиот тим на Челси најмалку еден час пред тренингот, во спротивно ќе следи казна од дури 10.000 фунти.
Парите од казни, раководството на Челси ги дава во хуманитарни цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close