Во Чаир ќе биде поставена статуа на американскиот претседател Вудро Вилсон (ФОТО)

Пред административната зграда на Општина Чаир ќе биде поставена статуа на поранешен американски претседател.

Станува збор за Вудро Вилсон, а поставувањето ќе биде по повод 100 годишнината од Версајскиот Мировен Договор. Оваа најава пристигна од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој преку Фејсбук информираше дека на 29-тата седница, Советот на Општина Чаир едногласно ја усвои предложената точка на дневниот ред од негова страна за поставување на статуата на Вилсон.

„Ова е заедничка иницијатива на Општина Чаир, Институтот за духовно и културно наследство, како и Музејот и Претседателската библиотека Вудро Вилсон“, информираше Ганиу.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот