Во Бутел ќе се гради нова градинка

Фото: Општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска го потпиша одобрението за градење на нова градинка во дворот на основното училиште „Св.Климент Охридски“ во Бутел 1.

„Денес го потпишав одобрението за градење на нова детска градинка во дворот на ООУ „св.Климент Охридски“ во Бутел 1. Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни, капацитетот на оваа градинка ќе има простор да згрижи 120 деца. Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до две години“, најави Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот