Во Бутел 1 ќе се градат нов парк и плоштад

Фото: Општина Бутел

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект ќе никне нов рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.

– На 2000 м2 ќе се протега новиот парк, а новиот плоштад на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс ќе содржи и детско катче за најмладите, нова пешачка патека која ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и ново осветлување. За прв пат ќе се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации – вели градоначалникот Дарко Костовски.

Според него ова било барање на жителите на населбата Бутел 1, кое наскоро ќе се реализира, а со тоа ќе го нема повеќе ниту запуштениот, разурнат објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот