Во Бугарија затворено првото училиште поради коронавирусот

EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарија на 15 септември одлучи да ги отвори вратите на училиштата за сите ученици и наставата да се одвива со физичко присуство и со почитување на мерките за заштита од коорнавирус. Но, речиси неполна недела по отворањето, во училиштата во неколку градови почнаа да се појавуваат случаи на заболени од ковид-19.

Бугарија ги отвора училиштата, Борисов најави повисоки плати за наставниците

Како што јавуваат бугарските медиуми, училиштето „Васил Левски“ во Варна денеска било затворено, откако кај двајца наставници бил дијагностициран коронавирусот. Училиштето е затворено за дезинфекција, а наставата ќе продолжи он лајн. Во оваа фаза, не се идентификувани случаи на заразени ученици.

Во Пловдив, на ученик во прво одделение од училиштето „Свети Константин Кирил Филозоф“ му бил дијагностициран ковид- 19. Детето имало температура поради што родителите го земале од училиштето. Целото семејство било испратено да се прегледа. Резултатите од тестот покажале дека и родителите имале ковид-19. Одделението е ставено во карантин, а наставата децата ќе ја следат он лајн.

Во карантин завршил и еден клас од основно училиште во Пазарџик, откако едно 14-годишно момче од математичкото училиште „Константин Величков“ било дијагностицирано позитивно на ковид-19. Неговите соученици се ставени во 14-дневна домашна изолација.

Како што соопшти заменик-министерот за образование на Бугарија, Тања Михајлова, во моментов има 19 класови кои се во карантин, 26 ученици имаат позитивен тест, а некои од нив не биле на првиот училишен ден. Околу 500 ученици и околу 40 наставници се во домашна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот