Во Бугарија почна изборната кампања за парламентарните избори на 11 јули

Жена поминува покрај изборни плакати на БСП во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Трката за претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, кои ќе се одржат на 11 јули за состав на 46. Национално собрание, вклучува 18 партии и девет коалиции. Тие ќе се борат за поддршката на 6.732.316 гласачи во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе бидат први избори во Бугарија, на кои гласањето ќе се одвива целосно машински, освен во областите каде што живеат помалку од 300 луѓе.

Сè уште не е познато која компанија ќе купи дополнителни над 1.500 гласачки машини и каде ќе бидат складирани во периодот пред одржувањето на изборите.

Централната изборна комисија на Бугарија соопшти дека ќе обезбеди околу 2,5 милиони евра за одржување на машините за гласање.

Нема да има ограничување за гласањето од страна на бугарските граѓани кои живеат во странство, но тие ќе можат да гласаат со хартиени ливчиња.

Се очекува најмногу избирачки места да бидат отворени во Турција, Велика Британија, Германија и Шпанија. Во Северна Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат во Битола, како и во Струмица.

Според анкетите, од одѕивот би изнесувал меѓу 55-60 отсто, што ќе биде поголем од редовните парламентарни избори одржани на 4 април, кога беше 50 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот