Во Бугарија денеска е ден за размислување пред предвремените парламентарни избори

Бугарија избори EPA-EFE/VASSIL DONEV

Денеска е ден за размислување во Бугарија и предизборен молк. Според Изборниот законик во земјата, од 00:00 часот на 1 октомври до крајот на изборниот ден во 20:00 часот по локално време, се забранува предизборна кампања, јавува дописникот на МИА од Софија.

Партиите и коалициите вчера ја затворија изборната кампања. Изборниот ден може да се продолжи до 21:00 часот кога пред изборното место има гласачи кои не гласале. Локалната власт има право да забрани продажба на алкохол на територијата на својата општина.

На социолошките агенции им е забрането да објавуваат испитувања на јавното мислење по повод изборите, во која било форма, 24 часа пред денот на изборите до објавување на крајот на денот на изборите на територијата на Бугарија.

На денот на изборите во Бугарија е забрането на избирачките места да се поставуваат материјали за кампања на партии, коалиции и иницијативни одбори. Казната е 5.000 евра Објавување на резултатите од анкетите за исходот од изборите 24 часа пред денот на изборите до неговото завршување, лицето што ќе ги прекрши прописите ќе се казни со парична казна или со парична санкција во износ од 1.000 до 2.000 евра, а ако се повтори, казната е 5.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот