Во Бугарија без ПЦР тест ќе влегуваат учениците и студентите од Македонија

Граница на Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Од денеска, учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата.

Истото важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.

Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот