Во Брисел состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Западен Балкан

ЕУ Брисел/ Фото: МИА

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовен мајски Совет на ЕУ, со прва точка на дневниот ред на состанокот размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион.

Од Советот на ЕУ се истакнува дека идејата е заедно со нивните колеги од Западен Балкан да се разгледа влијанието на „руската агресија” врз регионот.

Европската служба за надворешни работи изготви стратешки документ што беше дистрибуиран до земјите-членки пред состанокот, во кој се претставени начини како ЕУ да ја помогне и поддржи отпорн ста на Западниот Балкан и да се решат последиците од „руската агресија врз Украина”.

„Западниот Балкан е силно погоден, почнувајќи од економскиот, политичкиот, дипломатскиот, комуникацискиот и безбедносниот сектор. Мораме да работиме на нивната издржливост бидејќи сите тие се на наша страна. Сите тие ја отфрлија руската агресија и тие се наши партнери и по тоа прашање”, се наведува во Советот на ЕУ.

Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан ќе разговараат за конкретните проблеми на секоја земја, можната поддршка и соработка, но и за степенот на усогласеност со политиката, акциите и санкциите на ЕУ.

„Ги разбираме различните позиции на земјите од регионот, но работиме на стопроцентно усогласување со ЕУ по однос одговорот на војната во Украина”, заклучува Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот