Во Брисел се одржува технички дијалог меѓу Србија и Косово

epa08740805 EU Special Representative for the Pristina-Belgrade Dialogue Miroslav Lajcak (R) is welcomed by Prime Minister of the Republic of Kosovo Avdullah Hoti (L) in Pristina, Kosovo, 13 October 2020. EU Special Representative Miroslav Lajcak is on a two-day official visit in Kosovo. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Како што јави дописникот на МИА од Белград, дневниот ред остана непроменет, а според најавите на европратениците, се разговара за прашања за имотните и заемните финансиски побарувања.

Директорот на српската владината Канцеларија за КИМ, Петар Петковиќ, кој учествува во техничкиот дијалог изјави дека белградската делегација повторно го иницирала прашањето за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и имплементација на Бриселскиот договор.

-Без оглед кое прашање ќе се иницира, без формирање на ЗСО, не можеме да напредуваме во дијалогот, ќе видиме како ќе се однесува приштинската страна, кажа Петковиќ, кој додаде дека од ЕУ зависи кога ќе се одржат следните состаноци и во кој формат и на кое ниво.

Дијалогот беше блокиран во септември, поради одбивањето на Приштина да разговара за претходно договорената тема – формирање на Заедница на српски општини, додека Белград од друга страна стави на знаење дека ќе инсистира на спроведување на овој договор на сите наредни состаноци.

Мирослав Лајчак тогаш изјави дека косовската делегација го изгубила мандатот да разговара за ЗСО, а во меѓувреме, по посетата на Белград и Приштина, кажа да ЗСО е меѓународна обврска на Приштина и дека ќе мора да биде дел од конечниот договор за нормализирање на односите.

Лајчак: Без заедница на српски општини нема нормализација меѓу Белград и Приштина

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел неодамна процени дека договорот може да се постигне за неколку месеци доколку двете страни преговараат во добра намера

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот