Во Брисел денеска ќе биде одржана донаторска конференција за обнова на Албанија

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

На конференцијата ќе учествуваат Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, земјите членки на Европската унија, регионот на Западен Балкан и пошироко.

Во Брисел денеска ќе биде одржана донаторска конференција за обнова на Албанија под мотото „Заедно за Албанија”,  по катастрофалниот земјотрес, што ја погоди утрото на 26 ноември минатата година.

– Во 14:15 часот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и албанскиот премиер Еди Рама ќе потпишат програма за поддршка на Албанија во реконструкцијата и рехабилитацијата на штетите од земјотрес во Албанија во вредност од 15 милиони евра. Потоа во 14:30 часот претседателката Лајен ќе ја отвори конференцијата заедно со премиерот Рама и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На конференцијата ќе бидат и еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархељ и комесарот за менаџирање со кризи, Јанез Ленарчич, пренесуваат албанските медиуми.

На конференцијата ќе учествуваат Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, земјите членки на Европската унија, регионот на Западен Балкан и пошироко.

За време на посетата на Албанија во средната на минатиот месец еврокомесарот Вархељ најави дека на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.

– Ви соопштувам уште една добра вест, со оглед на добрата работа што ја направи Албанија. Од претпристапните фондови, ние сме во можност да ви дадеме 28 милиони евра. Ние предлогот го испративме до ЕП и верувам дека се ќе заврши многу наскоро, рече тој.

Министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, изјави дека неговата земја ќе додели помош во висина од три милиони евра.

Премиерот Рама изјави дека очекува многу од Донаторската конференција.

– Тоа не значи дека на донаторската конференција ќе се соберат сите потребни средства, туку на ниво кое ќе има тежина во овој процес. Доколку се реализира ова ќе бидеме задоволни, рече Рама.

Проценетата материјална штета од земјотресот изнесува 985.074.906 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот