Во Бразил регистрирани 39.483 новозаболени лица

epa08406050 Members of the Brazilian army are working on the disinfection of the Pronto Medical Care Unit (UPA), in Rio de Janeiro, Brazil, 06 May 2020. Brazil has reached 114,715 cases and 7,921 deaths. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.

Бразил е на второ место и по бројот на починати од последици од Ковид-19.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата се сомнева во сериозноста на новиот коронавирус, изјави дека мисли оти е заразен, иако имал негативен тест и најави дека повторно ќе се тестира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот