Во Бразил расте бројот на жртви од Ковид-19, во Австралија воведен карантин

epa08406050 Members of the Brazilian army are working on the disinfection of the Pronto Medical Care Unit (UPA), in Rio de Janeiro, Brazil, 06 May 2020. Brazil has reached 114,715 cases and 7,921 deaths. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Во оваа држава на сила стапи мерката целосен карантин во времетраење од шест недели.

Најтешка ситуација како резултат на пандемијата со Ковид-19 во светот моментално е во Бразил, каде веќе има над 70.000 смртни случаи, а во последните 24 часа во оваа земја како последица на овој вирус починаа 1.214 лица.

Втората најнасеелена австралиска држава, Викторија, соопшти информација за најголемо зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 и предупреди дека состојата дополнително ќе се влошува.

Во оваа држава на сила стапи мерката целосен карантин во времетраење од шест недели.

Целосен карантин е воведен поради загриженоста дека локалната трансмисија на болеста го предизвикала вториот бран на пандемијата.

Властите дотогаш поголемиот дел од новозаразените ги препишуваа кај лица кои се враќаат од странство.

Државата Викторија бележи 216 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, што е помалку од претходниот ден, кога имаше 288 новоинфицирани, но се уште станува збор за најголем раст на бројот на заразени вокој било дел од земјата откако е започната пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот