Во Бразил повеќе од 400.000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Во последните 24 часа, во Бразил се регистрирани 3.001 нов смртен случај и скоро 70.000 новозаразени.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бразил од почетокот на пандемијата веќе е над 400.000, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во моментов има 401.186 смртни случаи од Ковид-19 во оваа јужноамериканска земја.

Во последните 24 часа, во Бразил се регистрирани 3.001 нов смртен случај и скоро 70.000 новозаразени.

Според експертите, големиот број смртни случаи се должи на неуспехот на бразилската Влада соодветно да одговори на пандемијата.

– Има 400.000 смртни случаи, најмногу поради неспособното раководство на оваа Влада, предводена од претседателот Жаир Болсонаро, изјави Џамал Сулејман, лекар во Институтот за инфективни болести „Емилио Рибас”.

Болсонаро ја потцени сериозноста на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата и се спротивстави на воведувањето карантински мерки во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот