Во Бразил од 15 јануари ќе се произведува руската вакцина

Фото: EPA

Руската вакцина против коронавирус „Спутник V” на 15 јануари ќе започне со производство во Бразил, објави производителот на вакцини на Твитер.

„Бразил ќе започне со производство на Спутник V на 15 јануари”, објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Бразилската фармацевтска компанија Униао Квимика (Uniao Quimica) објави прием на материјал за производство на вакцината „Спутник V” од Русија и го најави своето производство во фабриките во главниот град на Бразил.

Компанијата, како што се наведува, ќе побара од националниот регулатор дозвола за итна употреба на вакцината во Бразил, што ќе овозможи да биде вклучена во националниот план за вакцинација.

На 8 јануари, бразилската Национална агенција за санитарна инспекција Анвис побара дополнителни информации за руската вакцина против коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот