Во болниците низ Македонија од ковид 19 се лекуваат 795 лица

epa08740247 An ambulance carrying patient infected with COVID-19, arrives to the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 13 October 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia has been on the rise in the past ten days. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани нови 31 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 303 лица што се сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8. Во Козле не биле примени пациенти.
Во ковид-центарот во Кожната клиника се лекуваат вкупно 27 пациенти со коронавирус, на Клиниката за неврологија 35, а на Институтот за ТБЦ вкупно 51 пациент. Во ГОБ 8 Септември има 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти. Во Козле има 16 пациенти, а на ГАК 3.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Според Министерството, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминативе 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, во Штип 39, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес 31 болен, а во Куманово 74 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп 84, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 20. Во болницата во Струмица лежат 32 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 57, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795 и има околу 342 празни болнички кревети. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.  Доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот