Во болниците низ Македонија од ковид-19 се лекуваат 611 лица

Инфективна клиника /Фото: ЕPA
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, а во болницата во Штип 39. На  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има 60 пациенти, во Прилеп 20, во Гостивар 20, а во Струга. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и  во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот