Во близина на руската граница, украинските војници чекаат нов напад врз Суми

Суми, Украина/ Фото Genya SAVILOV / AFP / Profimedia

Во Суми, град кој се наоѓа на 560 километри од руско-украинската граница, има чувство дека немирите повторно ќе се вратат.

„По 7 јануари, нападите станаа почести. Последниве 10 дена, такви напади има речиси секој ден“ вели Потполковникот Роман Ткач.

Украинската армија вели дека Русите оставале „сѐ во градот“. Само изминатава недела, четири згради и 28 куќи биле погодени од руските проектил во областа во и околу Суми. И хотели, цркви, теретани, ресторани и кафулиња се мети на артилериските напади.

Како што пишува „Гардијан“, група на руски саботери минатата недела биле фатени во обид да ја преминат границата за непознати причини. Тие побегнале додека украинската гранична полиција отворила оган. Пред две недели јуришен хеликоптер истрелал седум ракети врз цели на само 800 метри од оваа позиција.

„И ракети од системот Град го погодија тој рид таму“, вели Артем Волинко, 25-годишен постар поручник во државната гранична стража. „Тоа е во украинскиот национален парк – можеби сакаа да изгори?“

Во украинската војска се појавуваат многу теории за овој ненадеен и вознемирувачки пораст на активностите во Суми. Затоа што, веројатно голем дел од гранатирањето се чини дека е сосема случајно и хаотично. Нападите од дроновите ги мачат одбранбените линии од утро до мрак. Но, засега нема голем број на жртви.

Олексеј Данилов, претседател на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, кој го координира одговорот на земјата на инвазијата, оваа недела рече дека Русија се подготвува за „максимална ескалација, собирање на сите можни сили“ за потенцијално повторување на 24 февруари од север. југ и исток.

Артем Волинко бил на првата линија кога Русите првпат ја започнаа инвазијата. Тој водел контролен пункт со уште 10 лица во селото Велика Писаривка, недалеку од овие ровови, а претходно најпознат по тоа што било местото каде биле убиени 36 луѓе за време на нацистичката окупација во 1941 година.

„Русите почнаа да го напаѓаат нашиот контролен пункт со не толку силно оружје, но не можевме да ги видиме во мракот, тоа беше хаотичен напад“, се сеќава тој. „Тие исто така користеа и голем број гранати“.

Потоа на Украинците им било наредено да се повлечат на резервните позиции, но Волинко добил задача повторно да оди напред до точка за набљудување за да изврши извидување додека бранителите се обидувале да ја контролираат големината на инвазијата.

„Имаше толку многу руска воена опрема што чадот од нивните издувни гасови ни го замати погледот на контролниот пункт. Поради големиот облак од чад, не можев ни да го видам нашиот контролен пункт“ раскажува тој.

Ткач има друго размислување: Властите од Суми се обидуваат да го убедат генералштабот на Украина дека не можат да си дозволат да ги префрлат силите во Доњецк – и особено во градот Бахмут – за да ги олеснат украинските напори во тие места.

Зеленски неодамна призна дека ситуацијата таму е „многу тешка“ со Русија која тврди дека има значителни придобивки во последните денови.

„Количината на воена опрема што ја гледаме сега на територијата на Русија блиску до нас не претставува закана за голема инвазија“, рече Ткач. „Можеби тие сакаат што е можно повеќе украински воен персонал да остане на овие позиции и да не биде префрлен во други жаришта“.

Тоа го остава Киев со дилема. Тие трупи кои се борат во Доњецк известуваат дека немаат доволно артилерија, тие губат контрола врз нивните одбранбени позиции соочени со рускиот напад кој се чини дека ќе ги уништи сѐ пред нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот