Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Фото: Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Со доделување на фестивалските признанија и награди, вечер во Битола завршува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во големата сала на битолскиот Центар на култура, жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо Попов од Северна Македонија, ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300″, како и награда мала „Камера 300“ за кинематограферите кои конкурираа за престижните награди.

ИФФК „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, кинематограферите се во центарот на вниманието и се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики, посочија избраните членови на меѓународното жири кои деновиве со цел свој капацитет и искуство ги оценуваа кинематограферите на филмовите во конкуренција.

Последна проекција на филмското платно во Битола ќе биде францускиот филм „Титаниум“, познатиот трилер – хорор филм на режисерката Jулија Дукурнaу и кинематограферот Рубен Импенс, најшокантниот филм за 2021 година и годинешен освојувач на престижната Златна палма во Кан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот