Во Битола вандалски уништен симболот на градот

фото миа

Во Битола вандалски е уништен симболот на градот кој општината го постави во централниот парк кај градскиот часовник.

Од Општина Битола информираат дека вандалскиот чин е регистриран утрово кога е забележано уништување на симболот со буквите Битола.

-Ова ново обележје кој за кратко време стана препознатлив симбол за градот, едно од омилените места за посета и фотографирање од граѓаните и посетителите. Искршени се буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција. Извршен е увид и ќе се преземат соодветни мерки за санација, посочуваат од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа.

Од Општина Битола апелираат да не се уништуваат јавните добра и повторно осудуваат вандализам како што тоа претходно беше со уништување на автобуските стојалишта и терминал на ЈП Паркинзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот