Во Битола уапсени двајца дилери

Илустрација, дилери на дрога / Фото: МИА

Битолската полиција извести дека вчера уапсила двајца битолчани кај кои била пронајдена и одземена дрога.

Првиот случај е регистриран синоќа околу 19.50 часот во Битола кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ќ.С.(38) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена непозната грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вториот случај е регистриран исто така синоќа но во 21.20 часот во Битола, кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.К.(32) од Битола затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин. 

Против В.К. полицијата најави дека ќе поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот