Во Битола отворена изложбата „All is dream” на уметникот Илиана Петрушевска

Во НУ Завод и музеј-Битола поместена е изложба „All is dream” чиј автор е Илиана Петрушевска, графички дизајнер во НУ Музеј на современата уметност – Скопје.

На изложбата презентирани се 48 дела, монотипии, со рачно изработена хартија.

Во изложените дела, централно е поставен кругот, каде низ колажи од стихови од познати музички композиции, филм, поезија , авторката на нејзин своевиден израз ја проткајува повеќеслојноста на идејниот концепт, посочуваат од битолскиот Музеј.

Илиана Петрушевска дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, автор е на самостојни и групни изложби, а за својата уметничка работа често е наградувана.

Изложбата „All is dream” изложена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола ќе биде отворена до 4 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот