Во Битола одбележани 120 години од смртта на Гоце Делчев

Фото: Васка М.Младеновска

Пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола денеска беше одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер. Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината, како и претставници на политичките партии, Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев”, основното училиште „Гоце Делчев” и други граѓани, положија цвеќе на великанот на македонската национална борба.

-Денешниот ден е оддавање почит кон македонскиот национален херој, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водич, високо свесен, пред своето време, вистински алтруист, космополит кој го разбирал светот единствено како поле за културен натпревар на народите. Одбележувајќи 120 години од смртта на Гоце Делчев, истовремено одбележуваме и 120 години од големото наследство кое ни го остави оваа импозантна личност, која со гордост и пиетет ја славиме. Неговиот лик и дело не потсетуваат и ни помагаат да се издигнеме од сите премрежја и предизвици и да останиме достојни за неговата идеја и жртва, а како негови горди потомци, да продолжиме да ја чуваме и негуваме искрата на национална одржливост. Слава му! – рече Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот