Во БиХ потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Ковид БиХ EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Првиот случај на зараза со мајмунска сипаница е откриен и во Босна и Херцеговина, соопштија од Клиничкиот центар во Сараево, каде што се направени лабораториски испитувања на маж поради сомневање за оваа болест.

Директорката на Клиничкиот центар, Себија Изетбеговиќ за Фактор изјави дека заразениот во вторникот бил примен на Инфективната клиника, а лабораториските тестови потврдиле дека заболел од мајмуни сипаници.

„Вчера беа земени соодветни примероци и испратени на понатамошна микробиолошка обработка, а резултатите добиени денеска го потврдија првобитното сомневање”, изјави Изетбеговиќ.

Мајмунските сипаници првично се појавија во Африка, а случаи на инфекција кај луѓето веќе се регистрирани во голем број европски земји.

Заразените обично имаат поблаги симптоми, но Светската здравствена организација (СЗО) препорача преземање превентивни мерки за да се запре ширењето на инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот