Во БиХ набавени 100 неупотребливи респиратори од Кина, отворена истрага

Апаратите ги набавила фирма на извесен Фикрет Хоџиќ кој е познат само по тоа дека е водител на ријалити шоу на локална телевизија.

Сто респиратори од Кина што неодамна ги набавил кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина за болници во ентитетот се неупотребливи и нема да се користат на одделенија за интензивна нега на тешки пациенти со коронавирус, потврди обвинителството на БиХ.

Државното обвинителство појасни дека истрагата за спорната набавка на респиратори, отворена на 4 мај, спровела стручна експертиза на машини купени во Кина, откривајќи дека „тие ги немаат ниту минималните основни карактеристики за правилен третман на пациенти”, вклучително и за оние кои се болни од Ковид-19.

„Употребата на овие вентилатори во единиците за интензивна нега не се препорачува”, се вели во соопштението, додавајќи дека интензивната истрага продолжува и дека се испитуваат сите околности под кои се набавени респираторите со буџетски средства. Апаратите ги набавила фирма на извесен Фикрет Хоџиќ кој е познат само по тоа дека е водител на ријалити шоу на локална телевизија. Неговата фирма во момент на потпишување договор немала потребна дозвола за трговија со медицински апарати. За апаратите во директна спогодба се платени 5,3 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот